Млади уметници од Скопје в четврток, 24 јули, од 16 до 17 часот пред влезот на Трговскиот центар „Сити мол“ ќе осмислуваат графити инспирирани од филмот „Планета на мајмуните – револуција”.
Во акцијата може да се вклучат случајни минувачи и посетители и тие ќе имаат можност да видат во живо како изгледа создавањето улична уметност, да научат некои „мали“ трикови околу сликањето урбани површини и сами да се испробаат во создавањето графити.

Уметниците ќе се потрудат ликовите од филмот „Планета на мајмуните: револуција“ да ги доловат на начин кој е својствен за нив, користејќи најразлични техники и материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.