| четврток, 6 декември 2018 |

Состојка на марихуаната го забавува растот на туморите

Наодите на британските научници од Универзитетот „Источна Англија“ покажуваат дека состојка на марихуаната може да помогне при забавување на растот на туморите.

Истражувачите веруваат дека воочениот ефект на тетрахидроканабинол (THC) отвора можност за развој на неговата синтетичка верзија наменета за лекување рак.

Резултатите кои ги објави „Journal of Biological Chemistry“ се темелат врз експерименти спроведени врз глувци со човечки клетки на рак.

Во студијата се откриени и два клеточни рецептори клучни за ефектите на ТHC против туморите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top