Од сите земји зафатени со кражби на нафта, овие пет се на врвот.
Нигерија
Во Нигерија се крадат до 400.000 барели нафта на ден. Ова е еднакво на загуба од 1,7 милијарди долари месечно за најголемата економија во Африка. Тоа исто е еднакво на исчезнати 7,7 проценти од БДП, или повеќе отколку што Нигерија троши на образование и за здравствена грижа. Овие бројки создаваат страшна слика за неспособноста на нигеријската влада и за мултинационалните нафтени компании во делтата на Нигер, да сторат било што во врска со оваа разулавена кражба.
Извршните директори на Шел започнаа кампања против ова „исцедување“ со цел да ги отстранат нелегалните испумпувања од стотици милји долгите нафтоводи кои ги имаат во Нигерија. Филип Мшелбила, директорот за комуникации на Шел во Нигерија, посочува на софистицирано организирање на луѓе кои со години работат на кражба на нафта од официјалните нафтоводи. Сега дополнително ги обезбедуваат инвестициите кои ги имаат во свотео портфолио во Нигерија (И покрај овие запрепастувачки вести, изгледа чудно што нигеријскиот производител на нафта Сеплат не пријавува кражби на нафта во своето работење).
Кражбата на нафта го достигнала својот врв во 2013, а Г-8 беа потсетени за нивното ветување од 2000-та дека ќе и помногнат на Нигерија да го реши овој штетен проблем. Но како што се истакнуваат од Глобалната финансиска инцијатива, „украдената нигеријска сурова нафта се транспортира со меѓународно регистрирани бродови, им се продава на меѓународни купувачи, се процесира во меѓународни рафинерии и се плаќа преку меѓународни банкарски сметки“. Кога некоја група на крадци признава дека заработуваат и до 7.000 долари на ден од нивните нелегални активности, треба многу нешта да се сторат за да бидат сопрени.
Мексико
Во ноторната таинствена влада на претседателот Енрике Пења Нието, ретко може да се слушне некој висок владин претставник како признава дека се случува овој специфичен криминал. Минатото лето, Карлос Моралес, тогашнот шеф на огранокот Пемекс за експлоатација и произвоодство на нафта, призна дека кражбата на нафта во Мексико годишно расте за 30 проценти, или вкупно се крадат од пет до 10 илјади барели нафта на ден. Во тој контекст, владата во 2013 година открила 2,614 нелегални „чешми“, и само но ноември и декември околу 600 – во споредба со 1,500-те во 2012 година – па Моралес можеби и ја потценил ситуацијата.
Фантастичниот пораст од 1,548 проценти на овие нелегални исцедувања од 2000 до 2013 година е благодарение на моќните нарко картели, меѓу кои и Зетас, кој го знаат потенцијалот на црното злато кое се испумпува на територијата која тие ја контролираат. Сега се крадат цели конвои од цистерни додека се движат низ државите како што е Тамаулипас, за што мексиканските медиуми објавуваат дека Зетас и картелот Галф имамат операции на дистрибуција кои се ривали и на самиот Пемекс.
Ирак
И Бадгад има свои проблеми. Шверцувањето на нафтата е институционализирано уште во времето на Садам Хусеин. Сенатот на САД процени дека режимот на партијата БААТ во џеб ставила околу 23,1 милијарди долари од Програмата храна за нафта на Обединетите нации.
Денес е тешко да се процени колку нафта се шверцува низ Ирак, кога државниот систем за мерење веќе неколку години не постои. Но сепак има некои потврдени информации за комплексни мрежи кои исцедуваат илјадници барели директно од рафинериите и истата нелегално ја продаваат во Иран и во Сирија. Во хаосот кој остана по војната во Ирак, шверцерите и терористите се вклучија во играта.
Русија
Владимир Путин е амбициозен човек. Тој бара начини да ја обезбеди енергетската иднина на Русија преку големи договори со Кина и централна Азија. За да ги задоволи барањата за извоз од овие договори, тој им наредил на руските производители на нафта до 2020 година да достигнат годишно производство од 535 милиони тони нафта. За таа цел, тој треба подобро да ја обезбеди мрежата нафтоводи на Транснефт, долга преку 50.000 километри.
Минатиот април, Транснефт се закани дека ќе сопре со испораката на нафта за Украина, со изјавата дека нафта вредна 63 милиони долари била украдена од системот нафтоводи Прикарпат западтранс која минува низ оваа земја која е зафатена со криза. Но Транснефт се соочува со многу поопасни закани од организираниот криминал во расцепканите региони, како што е Дагестан, каде во 2009 година биле украдени 27.000 тони нафта.
Индонезија
Состојбата со кражби на нафта во Индонезија изгледа небитна во споредба со Нигерија: таму се крадат само две до три илјади барели нафта на ден. Сепак, владата изгледа штотуку се разбудила од овој проблем по експлозијата на нафтоводот Јужна Суматра во октомври 2012 година, кога загинале најмалку осум луѓе, а десетици биле повредени. Експлозијата била преизвикана на една од стотиците „чешми“ кои функционираат само во областа Бајунг Ленцир.
Оттогаш, Џакарта вели дека ги разбила крадците, но нафтените компании не веруваат во тоа. Националниот нафтен гигант ПТ Петамина затворил еден од своите главни нафтоводи, Темпино Плају, во јули 2013 година. Тие пријавиле загуба од 17,500 барели само во првата недела од работата на нафтоводот.
И Шеврон требало да ги земе работите во свои раце истерувајќи тим на крадци во провинцијата Јамби. Шефот на специјални операции за јужна Суматра од Активности за испорака и нафта и гас, ја обвинил владата дека со своето неделување им дозволила на крадците на нафта да работат со поголема самодоверба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.