| четврток, 6 декември 2018 |

Стапи во сила петчасовното хуманитарно примирје во Појасот Газа

Петчасовното хуманитарно примирје во Појасот Газа, објавено од Израел, стапи во сила.

izlael-raketiranje-gaza

Израел одлучи да го прекине огнот од 10 до 15 часот по локално време (од 7 до 12 според Гринич) за да можат Обединетите нации да достава хуманитарна помош за регионот, а жителите да бидат снабдени со елементарни продукти.

Според локален извор, неколку десетици руски граѓани со постојано живеалиште во палестинската област ќе се обидат во меѓувреме да ја напуштат зоната и да заминат за Египет.

Примирјето е едностран чекор на Израел, преземен по барање на специјалниот пратеник на ОН за Блискиот Исток, Роберт Сери.

– Доколку за време на примирјето палестинското движење Хамас стрела кон Израел со ракети, воените власт ќе одговорат со примена на сила – нагласи прес-службата на израелската армија.

Тројца Палестинци беа убиени од истрели од тенк во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа пред да стапи во сила петчасовното примирје. Други четири лица беа тешкоранети во напад врз куќа во Рафах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top