| четврток, 6 декември 2018 |

Србија дозволи петпати повеќе афлатоксин во млекото

млеко

По новиот Правилник кој стапи во сила, максимално дозволеното ниво афлатоскин во млекото е зголемено за петпати, односно од 0,05 на 0,25 микрограми на килограм, објави српското Министерство за земјоделство.

Овој правилник стапи во сила на 15 јули, ден по објавување во Службен весник, а ќе се применува до 31 декември 2014 година.

Одлуката ја донела министерката за земјоделство, во согласност со министерот за здравство.

Претходно, на први јули стапи во сила Правилник со кој нивото на афлатоксин од 0,5 беше намалено на 0,05 микрограми по килограм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top