| четврток, 6 декември 2018 |

БоредПанда: Скопје има една од најубавите фонтани во светот

plostad 1

Светски познатиот портал „БоредПанда објави листа на која може да се постираат најкреативните фонтани во светот, меѓу коишто се наоѓа и нашата фонтана на споменикот „Воин на коњ“ во центарот во Скопје. Досега се постирани 21 фонтана од целиот свет, а фонтаната „Воин на коњ“ со 11 поени засега е на седмата позиција. Со 14 поени пред неа се шпанската фонтана во Валенсија во вид на брод, потоа фонтаната „Мустангс“ во Тексас, фонтаната во Дубаи мол, „Старо пијано“, „Џиновска чешма“ во аквапарк во Шпанија и во Северна Каролина фонтаната „Металморфозис“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top