| четврток, 6 декември 2018 |

„25“ на Адел сѐ уште мистерија

UJA-Federation Of New York Music Visionary Of The Year Award Luncheon - ArrivalsПрвиот човек во продукциската куќа која се грижи за британската пејачка Адел за влијателниот медиум „Билборд“ посочи дека „нема никаква вистина“ во навестувањата за нов албум и турнеја на ѕвездата. Адел, пак, ниту потврдува ниту демантира. „Билборд“, пак, го отвора прашањето зошто ВМА, односно наградите за светската музика ги потврди гласините па дури и коментираше околу истите.

ВМА објави дека новиот, трет албум на Адел ќе биде наречен „25“ , како следен по низата „19“ и „21“, а со порака на „Твитер“ ја потврди шпекулацијата. Официјалниот профил на ВМА огласи до неговите 136 илјади следбеници дека Адел издава нов албум и дека на почетокот на следната година ќе замине на турнеја.

Всушност, Адел на почетокот на мај, за нејзиниот 26 роденден, преку социјалните мрежи го испрати „твитот“ „Чао, чао 25. се гледаме повторно кон крајот на годината“. По него и се проширија гласини дека со ова Адел го најавила новиот албум „25“, имајќи предвид дека првите два албуми на Адел беа иминувани „19“ и „21“, по годините од животот во времето на нивното објавување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top