По мегаѕвездата Леброн Џејмс, кој се врати во Кливленд, нов член на Кавалирс е уште еден Џејмс, Џонс. Сега во тимот има тројца поранешни кошаркари од шампионскиот состав на Мајами хит. Покрај дуото Џејмс, Леброн и Џонс, во Клоивленд ќе игра и бекот шутер Мајк Милер.
Леброн Џејмс ја почна кариерата во Кливленд и на сензационален начин пак се врати кај Кавс, иако имаше многу недоразбирања при заминувањето во Мајами. Раководството на НБА тимот има цел да му помогне на Леброн со ангажман кошаркари со кои играл во текот на кариерата, па затоа ги ангажираше и Милер и Џонс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


