Претходно преземените обврски кои мора да се исполнат за да се исплати втората летна поттранша од финансиската помош и подготовките во пресрет на следната тешка инспекција од претставниците на „тројката“, која почнува во средината на септември се двата главни приоритети на Министерството за финансии на Грција по завршувањето на неформалната посета на инспекторите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд.
Според МИА, министерот Гикас Хардувелис синоќа го одржа последниот состанок со претставниците на кредиторите на Грција, по кој висок функционер на Министерството за „Катимерини“ изјавил дека „постои список на прашања кои треба да се забрзаат“ и додал дека „август ќе биде месец на напорна работа“.
Атина се обврза дека во август ќе ја спроведе втората серија од претходно преземените обврски за да ја добие поттраншата од една милијарда евра, но и за да избегне дополнителен притисок за време на инспекцијата во септември. Од шесте обврски од втората серија, досега е усвоен само законот за делумна приватизација на Јавната електродистрибуција (ДЕИ).
Европската комисија, Европската централна банка и ММФ на состаноците во Атина ги охрабрувале министрите да продолжат со спроведувањето не само на претходно преземените обврски за ова лето, туку и на мерките за септември, кои ја надминуваат бројката од 600 чекори кои треба да се преземат.
Сите клучни точки ќе бидат следени од септември натаму. Тогаш Владата ќе треба да ги подготви своите предлози за новиот закон за социјална сигурност, промените на пазарот на труд, како да се покрие фискалниот јаз за 2015, и, генерално, да се направи голем напредок во реформите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мисија на ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


