Актерката Катарина Радивојевиќ ова лето не практикува нудизам, но затоа моментално ужива на грчкиот остров Миконос, каде друштво и прави шармантен постар господин. Фотографиите говорат повеќе од илјада зборови, на кои актерката која ја знаеме и како Зона Замфирова, ужива во вниманието на новиот „пријател“ со кој повремено разменуваат допири.
„Катарина на одмор дојде со две пријателки, но на плажа не се одвојува од господинот со кој поминува повеќе време отколку со своите пријателки. Очигледно тој прави се за да ја задоволи популарната Зона, на што таа воопшто не останува рамнодушна, со оглед на тоа што се бањаат заедно, се смеат и се забавуваат“ изјавил близок извор кој летува на истата плажа.
Актерката сепак, не е во топ форма. Српските медиуми не останаа имуни на целулитот кој се познава на папарацо фотките од плажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.