Како што најави пред неколку дена Франц Бекенбауер, сега веќе поранешниот играч на Баерн Минхен, Тони Крос е нов член на Реал Мадрид со кого потпиша петгодишен договор.
И покрај тоа што Баварците сакаа да го задржат својот репрезентативец, сепак желбата на Крос да заигра за „кралскиот“ клуб била поголема, но веројатно битна улога одиграла и финансиската понуда.
Со оглед дека имаше договор со Баерн до наредното лето, на сметката на германскиот шампион ќе легнат 30 милиони евра за Крос.
Покрај германскиот фудбалер во Реал се преселил и најдобриот стрелец од СП Хамес Родригез, шпанскиот весник „АС“ објави дека Монако и Реал Мадрид се договориле за неговиот трансфер.
Според информациите на овој медиум трансферот на Колумбиецот на „Сантијаго Бернабеу“ изнесува 80 милиони евра, односно 70 милиони во „кеш“ плус Касемиро кој е проценет на 10 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)