Андреј Цветановски е новиот уметничко-програмски раководител во Театар Комедија. Новоотворениот театар почнува да се екипира. Моментално работи во просториите на Драмскиот театар, но од март е планирано да добие своја зграда, односно да се пресели во Театар Центар. Македонскиот народен театар пак се сели во згрдата на новоизградениот Стар театар.
Инаку младиот, но веќе докажан режисер Андреј Цветановски дипломираше на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје во 2011 година. За време на студиите работеше на проектот на Градскиот театар, „Празен Град“ од Дејан Дуковски. Дипломираше со претставата „Салиери“ според Питер Шефер, која подоцна се играше на репертоарот на МНТ. Ја имаше честа да ја работи претставата со која се отвори Народен Театар Охрид, „Метаморфози“ од Овидиј. Соработката со Народен Театар Охрид продолжи и на претставите „Ај да си речиме уште една“ и „Полицајци“ според Славомир Мрожек. Заедно со уште 4 млади режисери работеа на заедничи проект во Драмски театар на претставата „Вртелешка“ од Артур Шницлер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат


