| четврток, 6 декември 2018 |

Инвазија на „тревка“ во Калифорнија

marihuana

На половина час возење од Сакраменто, престолнината на Калифорнија, и на неколку чекори од брегот на реката Сакраменто, поручникот Патрик Фој од калифорнискиот Оддел за рибарство и шуми (ЦДФВ) во рака држи искорнато растение марихуана. На земјата околу него има расфрлан отпад: искорнати стебла на канабис, но се уште употребливи. „Тука во делтата имаме една шега: ако садите семе, брзо бегајте од таму затоа што растението ќе ве дофати додека расте“, рече тој.

Делтата на Калифорнија, каде се спојуваат реките Сакраменто и Сан Хоаким, е богата со див живот, но оваа ултра плодна почва исто се покажа отпорна на нови нетрадиционални видови: илегални одгледувачи на марихуана. Пред неколку недели, фарма за марихуана на оваа локација била предмет на полициска рација, при што откриле и униптиле повеќе од 9.000 стебла од растението.

Неодамна, Вашингтон стана последната американска држава која ја легализираше марихуаната за рекреативна употреба. Во Њујорк, обласниот обвинител на Бруклин најави дека повеќе нема да гонат мали случаи со марихуана. Во кампањата за легализација на канабисот во престолнината Вашингтон, беше поднесена петиција до Бордот за избори со 58.000 потписи, што значи дека жителите на главнот град на САД некаде во ноември може да гласаат за легализација на канабисот. Но во Калифорнија, најголемиот производител на дроги во земјата, одгледувачите на марихуана сеуште опреираат во правно сивата зона, што води до насилен криминал и до болни последици по животната средина.

ЦДФВ се необична полиција за борба против дроги. Нормално, врвниот приоритет на агенцијата е да се спречи уништувањето на загрозените локации и див свет во државата. Но одгледувањето на марихуаната во руралните средини во Калифорнија е ендемско и никаде на друго место низ државата н во националните патркови нема на јавни површини вака слободно и шарткано таканаречено „натрапничко одгледување“.

Оваа посебна површина е откриена од воздух, од еден од малите набљудувачки авиони на агенцијата. За време на рацијата биле уапсени четворица Мексиканци на возраст помеѓу 25 и 35 години. Тие зад себе оставиле расфрлани кеси од ѓубрива и пестициди, а на местото каде кампирале расфрале конзерви од пиво и кутии цигари.

Во 1996, Калифорнија стана првата држава во САД која ја легализираше марихуаната за медицинско користење. Поседувањето на една унца (28 грама) или помалку од оваа дрога во моментов се казнува со максимални 100 американски долари. Но додека државите Колорадо и Вашингтон отидоа напред и воведоа легален и регулиран пазар за одгледување и продажба на рекреативна марихуана, Калифорнија никогаш не разви адекватна легислатива која ќе се занимава како и колку ќе се одлгедува од овој полулегален коров.

Во последните извештаи објавени на веб страната Мајка Џоунс, се проценува дека жетвата на марихуана во Калифорнија годинава ќе вреди 30 милијарди долари, што е повеќе од сите први десет државни земјоделски култури заедно. Од повеќе од еден милион уништени стебла на марихуана во 2012 година од федералните власти, 86 проценти биле во Калифорнија.

За разлика од претходните генерации на одгледувачи хипици, мнозина од одгледувачите на тревка во Калифорнија сега се поврзани со банди на двете страни од границата со Мексико. „Мексиканскте нарко организации веќе неколку годинисе вклучени во одгледување на отворено на јавни површини во Калифорнија“, рече специјалниот агент Кејси Ретиг од Минстерството за борба против дроги, кое често работи со ЦДФВ на вакви случаи. „Тие се силно вооружени и опасни“.

Агенцијата на поручникот Фој во изминатата деценија доживеала неколку препукувања на фармите за марихуана. „Овие момци одгледуваат марухуана на места каде се лови, рибари или пешачи“, вели тој. „Секоја година, ловците наидуваат на места каде се одгледува. Ако ловецот е облечен во камуфлажна облека и има пушка, и ако дојде в лице со одгледувачите, лесно можат да настрада“.

Фармите исто се голема закана за околината. Полузакопана црна цевка оди преку оваа поранешна локација за одгледување, и е дел од софистициран систем за наводнување кој бил поставен од фармерите да пумпаат вода од реката до нивите. „Тие одгледуваат онолку марихуана колку што имаат вода, и би ја исцицале целата река до последна капка. Често фрлаат и до 50 галони ѓубриво директно во реката, за да го стопат во водата со која потоа наводнуваат“, рече пор. Фој.

Додека Калифорнија страда од најголемата суша во историјата, на секое стебло марухуана му е поребно просечно по шест галони вода на ден, па одгледувачите на канабис го чуствуваат недостиггот од вода исто како и легитимните фармери. Во едно истражување од 2012 година, научниците откриле дека одгледувачите на марихуана испумпале 18 милиоони галони вода само од реката Иел во северна Калифорнија, клучно место каде се размножува загрозен вид лосос.

Друга жртва од бумот од нелегалното одгледување е пацифичкото рибарче, редок месојадец од семејството ласица која живее во областа Хамболт. Истражувачите од Универзитетот Дејвис во Калифорнија, анализирале лешеви од 58 рибарчиња, и во 46 од нив откриле отров против глувци, што води до заклучок дека одгледувачите на марихуана користат силни отрови против глодари да ги држат рибарчињата и нивниот плен подалеку од посевите.

На почетокот на годинава, кучето на д-р Мурад Гејбриел, експертот за смртност во дивиот свет кој вршел аутопсии на мртвите рибарчиња, умрело откако намерно било отруено од иста супстанција. „Тоа беше болен потсетник колку далеку можат да одат овие луѓе“, рече д-р Гејбриел, и додава дека големи територии од шумите кои тој ги истражувал биле често надвор од контрола заради опасноста од овие вооружени одгледувачи на марихуана. Тој објаснува: „Требаше да се кородинирам со полицијата и секој пат со мене да има полицаец кога сакав да земам примерок од водата или почвата од теренот“.

Многу од одгледувачите кои биле уапсени отслужуваат мали казни. А пор. Фој вели дека често една рација не е доволна. „Понекогаш овие момци се враќаат по само два дена, и повторно почнуваат да одгледуваат“.

Индепендент – Лондон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top