| четврток, 6 декември 2018 |

Додека едни славеле, други краделе пиво

знаме

Додека цела Германија беше во транс следејќи го походот на своите репрезентативци кон четвртата мундијалска титула, крадци од едно складиште во западниот град Крефелд украле дури десет камиони со пиво во конзерви.
Пивото исчезнало во периодот од четвртокот навечер до понеделник изутрина, односно во времето кога Германците беа целосно „опиени“ од остварувањето на фудбалскиот сон, по 24 години чекање.
Крадците украле вкупно 300.000 литри од овој традиционален германска пијалак.
Германската полиција упати јавен апел „секој кој ќе забележи упадливо големо количество пиво тоа и да го пријави“.
Портпаролката на полицијата соопшти дека засега нема индиции дека пивото завршило во рацете на одушевената маса навивачи, кои вчера кај Браденбуршката капија во Берлин ги пречекаа своите херои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top