| четврток, 6 декември 2018 |

В понеделник во судница осум демонстранти обвинети за дивеење во текот на протестите

Protesti monstrum (7) (Custom)

Осуммина демонстранти кои на протестите пред Основен суд Скопје 1 и на Бит Пазар беа насилни, в понеделник ќе застанат пред судиите, јави Канал 5.

Ќе одговараат за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Кривичниот суд го закажа судењето откако минатата недела обвинението против нив стана правосилно.

Обвинителството ги товари дека биле дел од поголемата група граѓани кои на 4 јули протестираа пред објектите на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Основниот суд Скопје 2 – Скопје, при што со камења и други тврди предмети ги оштетиле фасадите на објектите и повредиле неколку полициски службеници.

Според обвинението, агресивната толпа направила штета на двата основни суда во вредност од 1,6 милиони денари.

Главните докази на Обвинителство се видео снимките преку кои се идентификуваа учесниците и сведоци – директни очевидци. Одбраната очекува фер и коректно судење, известува Канал 5.

Согласно Кривичниот закон за делото учество во толпа што ќе изврши кривично дело предвидена е казна од три месеци до пет години затвор.

За насилните протести во петок и сабота во Скопје, полицијата поднесе вкупно 24 кривични пријави за учество во толпа. Во првата група беа осуммина, истрагата за останатите осомничени за дивеењето пред судовите – се уште е во тек, потврдуваат од Обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top