| четврток, 6 декември 2018 |

„Могли“ се врати во Театарот за деца и младинци (фото)

mogli (1) (Custom)

Мартин Јордановски е новото дете од џунглата кое децата со одушевување ќе го гледаат во „Могли“, новата хит-претстава во Театарот за деца и младинци. Синоќа беше премиерата на „Могли“ во склоп на Скопското културно лето, а претставата ќе биде на редовниот репертоар од септември.

По 15 години пауза, скопскиот Театар за деца и младинци повторно ја постави претставата „Могли“, работена по мотиви на книгата „Книга за џунглата“ во чест на прерано починатиот актер Игор Маџиров. Тој ја играше насловната улога пред 15 години.

mogli (2) (Custom)

Скопје е среќен град што го има Театарот за деца и младинци во кој сите уживаат. И децата и родителите. Во сите претстави кои се поставени на репертоарот на Театарот има толку многу љубов, знаење, магија, и тој еден час колку што траат претстгавите е вистинска привилегија за секој посетител.

mogli (4) (Custom)

Од првата изведба на „Могли“ во новата претстава играат Тања П. Кочовска и Предраг Павловски, а останатите актери се: Наташа Петровиќ, Мики Анчевски, Марија Ѓорѓијовска, Симона Спировска и Ненад Митевски. Режијата е на Боњо Лунгов, а асистенти на Лунгов се Маја Енчева и Константин Каракостов. Куклите, реквизитите и дел од сценографијата ги изработи Кирил Василев, а костимите се на Љубица Велкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top