| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Со формирањето на финансиска зона ќе се зголемат вработувањата

Една од предложените уставни измени кои веќе влегоа во Собрание предвидува формирање на финансиска зона.

gru

Премиерот Никола Груевски посочи дека со нејзиното создавање ќе се отворат нови работни места со што ќе се зголеми вработувањето, но ќе има и други бенефиции.

-Целта е на еден простор од 10-20 хектари да се формира една финансиска меѓународна зона, во која што ќе се пресликаат законите од Америка, Англија или Германија, правниот дел во делот на финансиите. Тоа дополнително ќе го зголеми кредибилитетот на оваа финансиска зона. Регулативата целосно ќе се преслика од овие најдобри економии, најпривлечни за инвеститорите и ќе се дадат дополнителни поволности во делот на даноци и слично, за компаниите кои ќе одлучат тука да ги пренесат своите седишта – истакна Груевски.

Тој додаде дека  откако ќе се усвои Уставот ќе следува закон во кој што во детали ќе се образложат и опишат сите работи  што се планираат во меѓународната финансиска зона во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top