Бугарските европратеници Андреј Ковачев, Моника Панајотова, Владимир Урутчев, Марија Габриел и Преслав Борисов, денеска во Европскиот парламент организираат изложба за македонските светители Кирил и Методиј како составувачи на првата бугарска азбука глаголица, јави МИА.
Како што објави агенцијата, бугарските европратеници посочиле дека изложбата е по повод одбележувањето на 1.150-годишнината од пристигнувањето на светите Кирил и Методиј во Велика Моравија.
„Браќата Кирил и Методиј имаат кредит за составувањето на првата бугарска азбука, односно глаголицата. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, за кои добиле титула „апостоли на Словените“. Во 1980 година, браќата беа прогласени за „заштитници на Европа“ од страна на папата Јован Павле Втори. Со векови нивната работа и настава се широко прославувани во словенските земји“, пишува во најавата на изложбата, пренесе МИА.
На изложбата се претставени ракописи и делото на Кирил и Методиј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.