| четврток, 6 декември 2018 |

Итна експедиција за мистериозниот кратер во Сибир (видео)

Тим научници ќе отпатуваат на итна експедиција за да ја откријат причината која го предизвикала огромниот кратер во северниот дел на Сибир, пишува „Тајмс“.

Кратерот е снимен на сибирскиот полуостров Јамал, чие име во превод значи „крајот на светот“.

Според првичните заклучоци на научниците, можно е земјината површина на ова подрачје богато со гас буквално да излетала како тапа од шише шампањ како последица на глобалното затоплување.

Второ објаснување е дека кратерот е последица од пад на метеор.

Експедицијата научници сега треба да утврди што навистина се случило во овој дел на Сибир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top