Денот Д за годинашното, четврто издание на „Д фестивал“ е 26 јули (сабота), на веќе традиционалната локација, паркинг Гранит во Дојран.
На веќе најавените ѕвезди на годинашното издание на „Д Фестивал“, „Стерео Ем-Си’с“ и „Стринг Форсис“ им се придружуваат уште три музички групи од домашната сцена, еден од најдобрите нови бендови во регионот „Бернајс пропаганда“, рок-бендот „Ареа“ и хип-хоп колективот „Дивизија“.
Програмата на „Д фестивал“годинава стапува на сцена со изведувачите спремни да приредат нови незаборавни доживувања на уникатниот музички фестивал во Дојран. Покрај македонските бендови, фестивалот ќе биде домаќин и на едни од најуспешните и најдолговечните британски хип хоп артисти, величенствените и греми-номинирани „Стерео Ем-Си’с“ (STEREO MCS).
ВЛЕЗНИЦИТЕ ПО ПРОМО ЦЕНА СЕ ВЕЌЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА
Влезниците за годинашното издание на „Д фестивал“ се веќе пуштени во продажба по промотивна цена од 250 денари. Сите кои сакаат да ја искористат промотивната цена влезниците можат да ги набават во продажната мрежа на МКтикетс:
– Продажните салони на ONE низ Македонија;
– Во Скопје: Југотон, МПМ Прес, Универзална Сала, Гоги Драчево;
– Низ Македонија: Алпине Спорт (Тетово), New Tobacco (Охрид), Џина (Дојран), Кафе Cream (Гевгелија), Sub Club (Струмица);
– онлајн на www.mktickets.mk .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.