| четврток, 6 декември 2018 |

Во мај зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

ста
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај годинава, се повисоки за 0,6 проценти на месечно ниво, а се пониски за 0,3 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во мај во споредба со април годината продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 2,4 проценти, во „преработувачка индустрија“ за 0,2 проценти, а во секторот „снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација“ за 3,4 проценти.
Во мај оваа година во споредба со истиот месец лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 3,5 проценти, а во секторите „преработувачка индустрија“ и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 0,5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top