Две и пол години по несреќата на италијанскиот луксузен брод Коста Конкордија крај брегот на островот Џиљо, извлекувањето на пловилото вчера влезе во последна фаза по што ќе биде однесено во Џенова каде што ќе заврши како старо железо.
Седум часа по почетокот на операцијата за подигнување на бродот, главниот инжинер Франко Порчелакио соопшти дека работата е успешно завршена и дека коритото е подигнато два метри над површината на водата.
Во исто време беа објавени и првите фотографии од кабините и ходниците на 290 метри долгиот крузер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.