Израелската авијација денеска ги обнови воздушните напади врз Појасот Газа, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на извори од армијата и израелските медиуми. Обновувањето на борбените дејствија од воздух се случи шест часа откако Израел еднострано ја прифати иницијативата на посредниците од Египет за прекин на огнот во Појасот Газа.
Во овој период Израел не изведе ниту еден напад врз Газа, но оттаму Палестинците продолжија со гранатирање на израелската територија, истрелувајќи над 40 ракети. Израелските сили повторно напаѓаат, потврдија армиските портпароли во Ерусалим и Тел Авив, цитирани од ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


