Кандидатот за претседател на Турција од прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) Селахатин Демирташ ги изнесе денеска своите приоритети доколку биде избран за шеф на државата. На предизбориот митинг во Истанбул, Демирташ упати повик за почнување нов живот и нагласи дека е против секаков вид на дискриминација.
Тој вети дека ќе го промени Уставот, „кој ја велича државата и ги игнорира луѓето“, а вети и што е можно побрзо решавање на курдското прашање. Демирташ истакна дека ќе бидат потребни и промени во образовниот систем, при што секој граѓанин ќе има право да учи на својот мајчин јазик.
Тој додаде дека е неопходно да се воведат и серија измени во однос на религиозните прашања, вклучувајќи го укинувањето на задолжителните верски часови во училиштата. Според него потребно е и укинување на задолжнителна воена служба. Тој изјави дека ќе се заложи за заштита на права на жените и на ЛГТБ заедницата.
Демирташ изрази увереност дека ќе победи на изборите, уште во првиот круг на 10 август, иако според анкетите тој има значително помала поддршка од другите двајца кандидати, Реџеп Таип Ердоган од владејачката Партија на правдата и развојот и кандидатот на двете главни опозициски партии, Екмеледин Ихсаноглу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов


