| четврток, 6 декември 2018 |

Девојки уловиле риба вредна 1,4 милиони евра

Другарки од Велика Британија уловиле огромна туна со сина опашка додека веслале во кајак. Оваа риба, позната како Блуфин, тешка е над 150 килограми, а нејзината вредност се проценува на околу 1,4 милиони евра.

Петте девојки ја забележале џиновската риба како мртва плута по морето. Успеале да ја префрлат на својот кајак и одвеслале до брегот.

– Во почетокот не можев да верувам, рече Клер Валерстеин, волонтерка во здружението „Cornwall Wildfire Trust“ и додаде дека во прв момент и било јавено дека мртов делфин лежи на плажата.

– Кога стасав на плажата, видов дека девојките држат нешто големо во рацете, но набрзо сфатив дека станува збор за тука, објаснува таа.

Но, иако е утврдено дека рибата е во совршена состојба и може да се јаде, девојките нема да добијат никаков паричен надомест, бидејќи овој вид, согласно стандардите на ЕУ, е заштитена и не може да се продава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top