
Поради зафати што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија утре без струја во голем дел од денот ќе бидат две села, една населба и повеќе улици во Скопје.
Од 9 до 12 часот ќе биде исклучена струјата на улиците Пере Тошев, 7 Јули и Прохор Пчински, на територијата на општина Чаир. Од 8 до 15 часот струја ќе нема улицата Лазо Трповски.
Од 7 до 15 часот ќе нема струја во селото Студеничани.
Од 8 до 15 часот без струја ќе биде населбата Бел Камен на територијата на општина Бутел.
Од 12 до 15 часот ќе биде исклучена струјата во населбата Гоце Делчев.
Од 9 до 15 часот струја ќе нема селото Арачиново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


