Сексот во вода има и добри и лоши страни, посебно за ваите интимни делови кои при триењето во вода може да се иритираат или инфицираат.
Останете подмачкани
Водата може да ја испере вагината што може да предизвика дополнителни проблеми. Без доволно лубрикација сексот може да биде непријатен, па дури и болен.Затоа не е лошо да си помогнете со вештачки лубрикант на база на силикони бидејќи е водоотпорен.
Орален секс наместо пенетрација
Хлорот во базенот може да предизвика различни инфекции и оштетување на кожата при пенетрација. Затоа, можеби е подобро да ја избегнете класичната пенетрација, па препуштетe се на уживањето со орален секс.
Под туш
Туширањето не би требало да ви го испере вашиот природен лубрикант. Но, доколку практикувате сигурен секс користејќи кондом, може да пукне бидеjќи во допир со водата ја губи еластичноста. А, може и да се лизне, кога не треба.
Солено море
Морската вода при пенетрација може да предизвика печење, што е непријатно. Затоа на море најдобро е да имате секс на копно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.