
Од минатогодишната прослава на јубилејниот 50-ти роденден
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов денеска го прославува својот 51 роденден. Тој, како и секое лето во последните години, роденденот ќе го помине во друштво на баба Маца и пријателите од село Слепче. Џамбазов во Слепче е секое лето, а годинава е агажиран и околу прославата на 1 000-годишнината од Манастирот во ова село. Тој викендов ќе биде домаќин на Пиво фест во Прилеп.
Денеска неговиот пријател, познатиот актер Тони Михајловски, дел од својата радио емисија Земјо Македонска, ја посвети токму на Џамбазов. Со честитки и неколку негови песни од албумот што, како што рече, излегол пред едно 100 години, му посака уште многу лета на својот драг пријател.

Од минатогодишната прослава на јубилејниот 50-ти роденден
Минатата година јубилејната 50-ка Џамбазов ја прослави во Слепче со најблиските пријатели. Потоа јубилејот го заокружи со голем концерт, на 1 ноември. Посочи дека повеќе нема да слави родендени, но тоа не е причина ние да не му упатиме најискрени честитки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.