Грипот ја однесе и шестата жртва во Македонија. Од Инфективната клиника информираат дека во текот на ноќта е почината пациентка, со дијагноза масивна билатерална бронхопневмонија, родена 1982 година, која спаѓала во ризична група пациенти, претходно боледувала од епилепсија и кај која лабораториски е изолиран вирусот на грип од типот А.
Пациентката била хоспитализирана на 11.02.2013 г. во тешка општа состојба поради потешкотии кои започнале една недела пред прием со болки во грлото, изнемоштеност, покачена телесна температура и потешкотии во дишењето, поради што веднаш била поставена на механичка вентилација и отпочнат е третман со потребната антибиотска и антивирусна терапија. На 18.02.2013г. следела стабилизација на респираторната функција и виталните параметри по што била поставена на кислородна подршка, но и покрај преземените мерки за интензивно лекување, во текот на ноќта состојбата се влошила и констатирана е смрт.
Кај починатата пациентка, како и кај претходно починатите со лабораториска потврда за грип се регистрирани потешки хронични заболувања, што придонело за дополнително влошување на нивната здравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.