
Американскиот природонаучен музеј во Њујорк ќе организира преспивање за лица над 21 година. Во август 150 луѓе ќе може да преспијат во своите вреќи за спиење и тоа под коските на Синиот кит.

Гостите на музејот ќе уживаат во џез-музиката и во презентација на експонатите кои се во Музејот. Целата вечер почнува во 18,30 часот и ќе трае до 9 наутро. Ќе има вечера, потоа и полноќна закуска со шампањско, како и лесен појадок. Влезницата чини 375 американско долари.
Првите влезници за овој настан веќе се продадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
За една недела нова рунда разговори за името во Њујорк


