| четврток, 6 декември 2018 |

Мукаетов: Потребно е вмрежување на фармацевтската индустрија во регионот

mukaetov
– Фармацевтската индустрија има традиција и јадро во овој регион, а за унапредување на соработката е потребно храмонизирање на регулативата во фармацевтската индустрија – изјави на „Самит 100 – Договор за новото време“ што се одржува во Цавтат и Дубровник, претседателот на Управниот одбор на фармацевтската компанија „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Во изјавата за медиумите за време на Самитот, Мукаетов говори и за заеднички настап на трети пазари и зголемување на конкурентноста во секторот.

– Дефинитивно фармацевтскиот сектор е поле каде што може да се расте, бидејќи имаме многу солидни и добро позиционирани компании во регионот кои се од фармацевтскиот бизнис, компании кои значат, кои имаат знаење, имаат технологија и кои инвестираат во развојот. Само треба тие компании малку повеќе да се вмрежат, да видат каде можат да пронајдат синергија, таму каде што едни се силни да одработат некои сервисни услуги за другите и обратно, на третите пазари како што е Русија, па и Европската унија, оние кои веќе се позиционирани таму синергетски да се координираат со другите кои допрва имаат намера да влезат на овие пазари…- вели Мукаетов.

На Самитот 100 кој се одржува годинава во Цавтат и дубровник се среќаваат истакнати претприемачи и деловни луѓе од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна, Македонија и Косово, како и највисоките политички функционер во регионот, со единствена цел да се отвори перспектива за зајакнување на конкурентноста на националните економии, и конкурентни потенцијал на цела Југоисточна Европа.

Организатори на Самитот се Хрватското здружение на работодавачот (ЦЕА), Српската асоцијација на менаџери (Сем), Атлас Фондацијата и на Здружението на менаџери на Словенија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top