| четврток, 6 декември 2018 |

Камен-темелник на објектот на Државен завод за ревизија и Геолошки завод

drzaven zavod

Новата зграда на Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод денеска почна да се  гради на местото на старата зграда на Геолошкиот завод. која беше дотраена.

Објектот ќе се гради на површина од околу 7.000 метри квадратни и ќе се состои од подрум, приземје и шест ката, од кои најголем дел ќе припаднат на Државниот завод за ревизија, помал дел на Геолошкиот завод, а дуќаните во приземјето ќе бидат во сопственост на ПУИК. Изградбата на објектот ќе чини околу 430 милиони денари или седум милиони евра, а се очекува да биде завршен за две години.Премиерот Никола Груевски на поставувањерто на камен-темелникот кажа дека и двете институции што ќе бидат сместени во новата зграда која, како што кажа, по својата функционална корист ќе претставува и уникатно архитектонско здание и ќе даде нова естетска убавина на македонската метропола, во минатото и денес немаа свој објект за функционирање и се соочуваа со неможност за развој и унапредување на својата дејност.

Главниот државен ревизор Тања Таневска посочи дека денеска почнува реализацијата на една од главните цели на Државниот завод за ревизија токму во годината кога институцијата ја слави 15-годишнината од своето успешно функционирање.
– Со тоа симболиката на овој чин добива на значење и за наше натамошно поуспешно работење во функција на заштита на интересите на нашите граѓани, рече Таневска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top