Турскиот премиер Реџеп Таjип Ердоган денеска го обвини Израел за „државен тероризам“ поради нападите врз Појасот Газа и за „масакр“ на палестински жители.
– До кога светот ќе молчи пред државниот тероризам, изјави Ердоган во неделното обраќање пред пратениците од неговата Партија на правдата и развојот. Тој исклучи какво било нормализирање на односите на Турција со Израел, додека таа земја ја продолжува агресијата врз Газа.
Според Ердоган, Израел се однесува како разгалено дете и сее смрт меѓу Палестинците. Тој го осуди „недејствувањето“ на меѓународната заедница во врска со израелската воена операција, во која загинаа 192 лица.
– Вие не сте сами и никогаш нема да бидете сами, им порача Ердоган на Палестинците, најавувајќи дека Турција ќе продолжи да испраќа хуманитарна помош за Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.