СВР Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишниот И.Н. за сторено кривично дело разбојништво.
Пријавениот вечерта на 30 јуни во 23 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје, со употреба на физичка сила извршил разбојништво над 61- годишната А.Т., државјанка на Белгија, при што ѝ одзел ташна во која имало мобилен телефон, пари и лични документи, се заедно во вредност од 15.000 денари, а оштетената од ударот во пределот на лицето паднала во бесознание.
Од страна на судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.