| четврток, 6 декември 2018 |

Мукаетов модератор на „Самит 100-Договор за новото време“

Zivko-Mukaetov-4

Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, годинава заедно со генералниот директор на „Јадран Галенска лабораторија“, Иво Усмијани, во рамки на третиот „Самит 100 – Договор за новото време“, ќе биде комодератор на работилницата за креативни партнерства, насловена како „Бараме нови феникси“ во делот на здравството и фармацијата.

– За што полесен и поуспешен пристап на нови странски пазари, неопходно е компаниите да настапуваат здружено. „Самит 100“ е една одлична иницијатива за постигнување на таа цел, а во исто време претставува и солидна платформа за структуирање на развојни програми кои би го поместиле целиот регион чекор поблизу кон исполнување на мисијата за создавање моќна бизнис-заедница, која би била генератор на повисок економски раст на регионално ниво – истакна Мукаетов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top