| четврток, 6 декември 2018 |

Една третина од Грците никогаш не користеле компјутер

ком
Повеќе од една третина од Грците или 34,4 отсто никогаш во животот не користеле компјутер, а 36,3 проценти немале пристап до интернет, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од грчките медиуми.

Жените не користеле интернет повеќе од мажите, чиј однос изнесува 40,8 наспроти 35,9 отсто.

Истовремено, бројот на Грците што редовно користат интернет постојано се зголемува во последните години дури со забрзано темпо, а како резултат на тоа 81 отсто од корисниците изјавиле дека речиси секојдневно се „онлајн“.

Персоналниот компјутер и натаму останува најпопуларниот начин за пристап до интернет. Со таквото мислење се согласуваат 91,5 отсто од Грците.

Во земјата постојано се зголемува и бројот на луѓе што купуваат стоки и услуги преку интернет. Деведесет проценти од граѓаните сметаат дека благодарение на интернетот се подобрила комуникацијата со државните институции.

Со анкетата биле опфатени различни групи луѓе во општеството, емигранти, нискообразовани и невработени за да се прикаже начинот на кој се користи интернетот во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top