Шпекулациите дека каталонскиот гигант Барселона ќе се вклучи во борбата за најголемата ѕвезда на мундијалот и на колумбиската репрезентација, Џејмс Родригез, се обвистинија.
Како што пренесува шпанскиот медиум „Ел Конфиденсијал“, претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, се наоѓа во Монако за да ги договори условите за играчот. Тој ќе истапи понуда од 90 милиони евра за да го обезбеди потписот на најдобриот стрелец на Светското првенство.
Родригез постигна шест гола и две асистенции и заслужено ја доби наградата за најдобар стрелец.
Младиот Колумбиец од порано има изјавено дека повеќе сака да игра во Реал Мадрид, рамо до рамо со Кристијано Роналдо, но можеби оваа понуда ќе го премисли и ќе се пресели во Каталонија. Во случај на трансфер во Барселона, тој ќе игра со Меси, Нејмар и со Луис Суарез.
Тој минатата сезона постигна 10 гола и 12 асистенции за клубот од кнежевството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.