Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ денеска замина на најголемото хорско натпреварување „Светски хорски игри“, кое се одржува во Рига, Летонија. Хорот ќе се натпреварува во три категории – црковна, световна и фолклор.
Првиот настап на нашите хористки ќе биде в среда во црквата „Свети Петар“, една од најубавите цркви во балтичкиот регион, изградена во 13 век, заштитена како споменик на културата од национален интерес, вели диригентката на хорот Летка Димовска-Полизова.
– Во категоријата црковна музика настапуваме во конкуренција со хорови од Русија, САД, Германија, Kина, Шведска, Летонија, Јужна Африка, Венецуела и од Романија. Утредента, пак, се натпреваруваме во категоријата женски камерни хорови во Летонската музичка академија, која важи за една од најстарите образовни институции во земјата, во конкуренција со хорски ансамбли од Kина, Русија, Шведска, Kаналските Острови, Финска и домаќинот, Летонија – вели Димовска-Полизова.
Диригентката додава дека последниот настап е во категоријата фолклор и ќе се одржи на 18 јули, на универзитетот „Пол Страдинс“, кој е едно од најсовремените и најбарани места за музички настани во Рига, во конкуренција со хорови од Kина, Финска, Летонија, Австрија, Словенија, Индонезија, Германија, Русија, Иран и од Индонезија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар, следуваат концерти во Атина, Софија и Париз


