Доматите, омилениот летен зеленчук на многумина, потекнуваат од Јужна Америка и денес се користат во многу јадења во целиот свет. Доматите содржат ликопен, за кого е докажано дека благопријатно дејствува на здравјето на нашите крвни клетки и воопшто на кардиоваскуларниот систем, а посебно е значаен во борбата и во превенцијата од рак и деменција. Сто грама домати содржат само две калории и поради тоа доматот е една од најсаканите намирници кога станува збор за слабеење.
Состојки:
6 големи домати
150 грама лебни трошки
1 дл маслиново масло
1 главица лук
Магдонос
Сол, црн пипер
Рикота
Подготовка: Откако убаво ќе ги измиете доматите, исчистете ги од внатрешноста и подгответе ги за полнење.
Во смесата за полнење може да додадете и туна, на пример, но ние ви предлагаме вегетаријанска варијанта. На делот од доматите што го извадивте за да ги подготвите за полнење, додајте ги лебните трошки, ситно исечканиот магдонос, маслиновото масло, солта и црниот пипер. Сето тоа добро промешајте го и со таа смеса наполнете ги доматите. Откако ќе ги наполните доматите, одозгора додајте рикота.
Така приготвените домати ставете ги да се печат околу 40 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.