За ова се има многу пишувано и истражувано, но неодамна пристигнаа нови информации. Се работи за феномен познат под името “пијани очила” или “спротивниот пол ни е позгоден после неколку пива”.
Истражувачите од лондонскиот универзитет Роехемптон, во своето последно истражување дошле до заклучок дека овој феномен е раширен кај машката популација, односно, после неколку алкохолни пијалоци, мажите ги наоѓаат жените многу попривлечни отколку што се, додека кај жените не е така.
На мажите им биле покажани слики од жени кои требало да ги оценуваат од еден до пет. Пред да започнат да пијат оценките биле релативно мали. После неколку пијалоци, им се гледале многу попривлечни и секоја жена добила 4 или 5.
Имено, се работи за симетрија. Одамна е познато дека привлечноста се поврзува со симетријата, а тие под дејство на алкохолот потешко ја детектираат асиметријата на лицата и повеќе се концентрираат на облините на телото.
“Луѓето под влијание на алкохолот потешко ја заприметуваат асиметријата. Поточно, од асиметријата на лицето се префрлуваат на симетријата на телото“, изјави Др. Луис Халси.
Истражувањето покажало дека и сосем мали количини на алкохол се доволни за потполно пореметување на нашата перцепција за симетрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.