| четврток, 6 декември 2018 |

Лабина Митевска реизбрана за директорка на „Манаки“

labina-mitevska

Лабина Митевска е реизбрана за директорка на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ на денешниот состанок на Друштвото на филмски работници. Горјан Тозија останува претседател на Друштвото.

Освен Митевска, за која ова ќе и биде трет мандат, во конкуренција за директор на „Манаки“ бил и режисерот Антионо Митриќевски. Избрани се и пет нови члена на Друштвото на филмски работници.

На состанокот се разговарало и за финансиските проблеми со кои се соочуваат повеќе македонски филмски продукции, а членовите на Друштвото го задолжиле Управниот одбор да ја информира јавноста околу ваквите потешкотии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top