Група кипарски Грци, кои претрпеле последици од турската инвазија на островот во 1974 година, поднесоа денеска тужба против Владата на Турција пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Тие бараат почнување истрага за злосторствата на Турција на територијата на Република Кипар, делумно и поради континуираното населување на турски жители на окупираната територија, се наведува во соопштението на израелската правна фирма „Шурат Хадин“, кој работеше на подготовка на тужбата.
Тужбата е поднесена од кипарскиот европратеник Костас Мавридис и асоцијацијата „Кипарци против турските воени злосторства“.
Во тужбата се посочува дека Анкара останува неказнета за извршените воени злосторства и се предупредува дека обемот на демографските промени од населувањето на Турците на островот претставува закана да ги „сведе на нула“ можностите за постигнување заемноприфатливо решение за кипарското прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Експлозија на гасовод во Истанбул



