Скопје ќе биде домаќин на Годишна средба на Бордот, комисиите и комитетите на Светската федерација на Музичката младина (ММ), во периодот од четврток до вторник, информира Музичката младина на Македонија.
На овие состаноци ќе учествуваат претставници од музичките младини од 15 земји-членки на овие органи и тела, меѓу кои и домаќините.
Покрај разгледувањето и донесувањето на измените и дополнувањата на статутот на Светската федерација, ќе се разгледува и договара работата на најстариот младински симфониски оркестар на ММ (World Youth Orchestra), работата на Светскиот младински хор, проектот за „Имеџин“ фестивалите на млади, Младинскиот подиум за градење публика и друго.
Средбите се одржуваат и во чест на одбележувањето на 50 години од постоењето на Музичка младина на Македонија, а овој своевиден светски собир на ММ е поддржан од Министерство за култура
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.