Австралиската актерка Никол Кидман одлично ја одиграла принцезата од Монако Грејс Кели, судејќи според официјалните фотографии од филмот за принцезата. Официјално се објавени две фотографии, една во службено кралско издание, со тијара на главата, а втората е во поопуштена варијанта, на која Кидман, односно Грејс Кели е облечена во тренди-капут и носи очила за сонце, толку типични за 60-те години на минатиот век.
Што се однесува до филмот, кралското семејство не е многу воодушевено од биографскиот филм за принцезата од Монако. Принцот Алберт од режисерот Оливер Дахан да ги исфрли спорните цени.
– Тоа е лага! Секој филм има и фикции. Важно е дека Грејс е прикажана како голема и храбра жена – изјави режисерот Дахан.
Филмот не им се допадна и на принцезите Каролина (56) и Стефани (47).
Во филмот Принцот Рение е прикажан како тиранин кој ја изневерил сопругата веднаш откако останала трудна првиот пат. И додека целиот свет бил убеден дека убавата актерка живее како во бајка, таа била очајна и осамена. Грејс Кели почина во сообраќајна несреќа, откако доживеала мозочен удар додека возела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура