Проектот за гасификација на Скопје предвидува да се реализира преку јавно-приватно партнерство со државата.
„Аксо енерџи“ е најголем приватен дистрибутер на природен гас во Турција со повеќе од половина милион корисници. Оваа компанија е и дистрибутер и производител на електрична енергија.
„ЦПЛ Kонкордија“ е мултинационална групација со 1.600 вработени и околу 80 компании и претставништва. Годишно дистрибуира 45 милиони кубни метри природен и течен гас во 135 града и општини, односно има 185.000 корисници.
Изборот на приватниот партнер треба да заврши во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.