| четврток, 6 декември 2018 |

Украинските сили „го ослободија“ аеродромот во Луганск

фото ЕПА

фото ЕПА

Украинските вооружени сили вчера успеаја „да го ослободат“ аеродромот во Луганск во источна Украина, кој беше опколен од проруски сепаратисти, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Штабот за антитерористички операции го извести претседателот Петро Порошенко дека украинските вооржуени сили при судирите стигнале до аеродромот во Луганск – соопшти претседателската палата на својот профил на „Фејсбук“.

Украинската авијација изврши напади врз силите и опремата на бунтовниците во близина на аеродромот, исто така и во околината на други околни градови, се додава во соопштението.

Аеродромот во Луганск, кој беше затворен со недели, беше под контрола на владините сили, но опколен од сепаратистите и речиси недостапен. Тој се сметаше за еден од важните одбранбени позиции на бунтовниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top