| четврток, 6 декември 2018 |

Кање ја обликува Ким по своја желба

ким

Бројни се знаците кои говорат дека во бракот на Ким и Кање не цветаат рози. Речиси без насмевка на лицето се појавуваа во јавноста неделата пред нивната венчавка во Фиренца, а медениот месец го поминале пред компјутер. Доброупатени извори за американските медиуми откриваат многу чудни детали за тоа каков е всушност овој брак зад затворени врати.
Откако двојката ја почна својата романса во 2012 година, 37-годишниот Кање имаше само пофални зборови за својата девојка, но пофалби и за нејзиниот изглед и бренд, а освен тоа тој немаше што друго да каже.
– Единствено што Кање некогаш споменува тоа е изгледот на Ким, и пофалбите упатени кон неа како да е уметничко дело. Никогаш нема да чуете дека тој зборува за нешто што ги поврзува, за омилени ресторани или филмови. Негова единствена грижа е Ким да биде убава  и да остане богата – открива изворот.
Затоа и не чуди факотот што 33-годишната старлета разви вистинска опсесија кога е во прашање нејзиниот изглед, а таа оди до таа мера што дури ја отстранила и минијатурната лузна од прстот на ногата во една од епизодите на нејзиното реално шоу.

– Прескапите производи за нега на убавината, ботоксот, филерите. Ким троши илјадници долари месечно за да изгледа така за да одговара на нереалните очекувања што ги поставил Кање. Таа дури дозволува тој да ја прегледува еднаш неделно по целотот тело и да ѝ бара несовршености, по што веднаш ѝ закажува естетски интервенции кај пластичен хирург, ако тој смета дека нешто треба да се поправи кај Ким. Таа му стана на Кање жива кукла  – вели изворот.
Кога станува збор за гардеробата што Ким ја носи, и тука управува Кање, и, како што открива изворот, сѐ што ќе облече Ким, раперот прво мора тоа да го одобри.

– Таа поминува часови во преоблекување како да е негова жива кукла и го прифаќа тоа – вели изворот кој додава дека ако Ким не е со Кање, му испраќа фотографии. Таков бил и случајот кога пред извесно време Ким прошетала низ Њујорк носејќи блејзер наспроти високата температура.

– На Ким не ѝ беше пријатно да ја носи јакната бидејќи ѝ беше многу топло, но Кање инсистираше на тоа, дури побарал од неа да ја закопча бидејќи сметал дека така ќе изгледа најдобро – вели изворот и додава дека раперот често повикува познати дизајнери да направат облека за неговото семејство, па дури и за нивната едногодишна ќерка Норт Вест.

Истиот извор тврди дека меѓу оваа двојка нема премногу љубов бидејќи двајцата се фокусирани на бизнис и на финансиската страна на својот брак.

– Сите нивни разговори се поврзани за модата и за изгледот. Неверојатно е колку далеку се подготвени да одат за да останата во центарот на вниманието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top