Сопствениците на големите компании во САД во принцип сметаат дека воведувањето четиридневна работна недела е интересна идеја, но, сепак, тие не би поддржале предлог за намалување на бројот на работни часови во една седмица.
Ваквите сознанија произлегуваат од анкетата на „Спектрем груп“, спроведена со деловни луѓе кои во својот бизнис располагаат со средства поголеми од еден милион долари.
Анкетата покажа дека од дури 69 отсто од бизнисмените-милионери поддржуваат укинување на еден работен ден во неделата. Тоа особено се однесува на жените-милионери, меѓу кои дури 82 проценти сметаат дека четири работни дена во неделата се вистинско решение.
Сепак, како што пренесува „Ен-Би-Си“, пократката работна недела, според бизнимените, подразбира подолго работно време. Многу милионери сметаат дека за нивните дејности и натаму се потребни 40 работни часа неделно по вработен, но и дека на работниците повеќе би им одговарало да работат четири дена неделно по 10 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании


