Британскиот актер и музичар Хју Лори, најпознат по улогата на саркастичниот доктор Хаус во истоимената серија, вечерва како дел од турнејата за промоција на неговиот нов музички албум, ќе настапува во „Сава центар“ во Белград.
Лори уште вчера на своја кожа го почувствува балканскиот менталитет, влегувајќи во Србија.
– Влегов во Србија, но морав да се вратам на граница по еден час. Цариникот го задржа мојот пасош за да си направи фотокопија за сувенир. Феноменално! – напиша Лори на „Твитер“.

Вечерва Лори ќе настапува заедно со неговиот бенд „The Copper Bottom“, а на репертоарот, покрај новиот албум, ќе свират и дел од неговите постари блуз-песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


