Односите меѓу Грција и Кина се „стратешки“ важни, оцени грчкиот премиер Андонис Самарас при средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вчера пристигна на грчкиот остров Родос, а денеска замина за Бразил каде ќе учествува на средбата на високо ниво на земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка). Самарас го нагласи пријателство меѓу двата народа, истакнувајќи дека од геостратешка гледна точка Грција е „столб на стабилноста во еден регион со многу висок степен на политичка нестабилност“.
– Кина и Грција негуваат едно природно пријателство. Можам да кажам дека Грција е најпријателската и најнадежната европска земја за Кина, додаде Си.
Аналитичарите коментираат дека разговорите на островот Родос го потврдиле интерсот на Грција и Кина за соработка во повеќе сектори, а најмногу во транспортот. На средбата е потенцирано дека Грција може да биде „порта за излез на кинеските стоки кон Европа“. Посебен акцент бил ставен на соработката меѓу двете земји во однос на пристаништето Пиреја, а кинеската страна покажала интерес и за аеродромот во Костели на островот Крит. Кон крајот на минатиот месец во посета на Грција беше и кинескиот премиер Ли Кечијанг, при што претставници од двете држави потпишаа 19 договори за соработка во вредност од 6,5 милијарди долари, главно во сферата на инфраструктурата, транспортот и енергетиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


